ФОТО | ЕВЕ ШТО ПАЛЧО ОБЈАВУВАЛ НА ФЕЈСБУК ДОДЕКА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ЈА БАРАШЕ ВАЊА ЃОРЧЕВСКА – Еден детал е многу интересен
На 30. ноември, кога, како што се сомневаат, избега од Македонија, Љупчо Палевски – Палчо, еден од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска (14 г.), ја објави својата последна објава на социјалната мрежа Фејсбук, каде што беше многу активен.
Додека целата јавност во земјава, но и целиот Балкан го бараше исчезнатото девојче, а на социјалните мрежи се споделуваше апелот, осомничениот Љупчо Палевски секојдневно објавуваше политички пораки со националистичка и антизападна содржина. Неговата последна објава беше во петок, 1. декември во 13:51 часот.
Тој во петокот, кога завршуваше Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, на социјалната мрежа Фејсбук објави шест пораки поврзани со политика.
На 29. ноември, два дена по исчезнувањето и убиството на девојчето, осомничениот објави видео обраќање до своите следбеници, повторно поврзано со политика, како и неколку други политички објави.
Само еден ден по убиството на девојчето, тој одржа час и половина говор во кој зборуваше за перење пари во Македонија. Истиот ден објавува видео-дебата од 2,5 часа. Има и неколку други политички објави.
На денот кога Вања беше киднапирана и убиена, тој не објави ништо на Фејсбук.
На 22. ноември кога исчезна убиениот Панче Жежовски (74 г.) од Велес, Љупчо Палевски – Палчо имаше неколку политички објави на својот Фејсбук.
Во ниту еден момент не ги спомна исчезнатите по кои трага цела Македонија.
Наместо апел, тој ги објави своите политички ставови, но и ставовите на неговото политичко движење „Десна“.
Со ова движење се поврзани и останатите осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
По еднонеделна потрага, Обвинителството во неделата соопшти дека е пронајдено безживотно тело на девојка, како и на 74-годишен маж. И двајцата се убиени.
За убиствата осомничени се пет лица, а се соопшти дека Љупчо Палевски – Палчо побегнал од државата кон Белград по што се упатил во Буарија. Тој е поранешен градежен претприемач, а сега контраверзен политички активист и монструм од Скопје.