ФОТО | “ЕДЕН ДЕТАЛ ОТКРИ СЕ!“ – Идентификувани телата на Евгениј Пригожин и Димитриј Уткин: Командант на Вагнер ги препознал, а еве како препознал дека тоа се токму тие!

По вчерашната авионска несреќа во која загинаа 10 лица, меѓу кои и водачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, штотуку пристигна потврда дека неговото тело е идентификувано во мртовечницата. 

Да потсетиме, неговата смрт досега беше потврдена само на каналот на социјалната мрежа Телеграм поврзан со групата Вагнер, а неговото име се наоѓаше на списокот на патници на соборениот авион кој го објавија руските власти.

слика
Местото на авионската несреќа каде загина Евгениј Пригожин

Советникот во Министерството за внатрешни работи на УкраинаАнтон Герашченко, на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека руските медиуми објавија дека телото на Евгениј Пригожин го идентификувал еден од командантите на Вагнер во мртовечницата. Главниот знак по кој го препознал е немањето прст.

Наводно бил идентификуван и основачот на ВагнерДмитриј Уткин, кој бил препознаен по неговите тетоважи и висина, стои во објавата на Антон Герашченко.