ФОТО | ‘ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН!’ – Новак Ѓоковиќ е најуспешниот тенисер во историјата – АТП потврди по историската титула: Повеќе нема дилема!
Србинот Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос го совлада Норвежанецот Каспер Руд и на тој начин ја освои рекордната 23. Грен Слем титула во кариерата.
По големото финале на земјена подлога во Париз, АТП објави фотографија на својот официјален Твитер профил со која конечно призна дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот досега.
Имено, објавена е фотографија со бројките што ги постигнале Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер во текот на нивните кариери, а по неодамна завршениот Ролан Гарос веќе нема сомнеж кој е најдобриот тенисер досега во историјата.
Новак Ѓоковиќ во својата кариера освои 23 Грен Слем титули односно 67 пехари на најголемите турнири.
Рафаел Надал има 22 Грен Слем титули т.е. вкупно 59 пехари.
Роџер Федерер ја заврши кариерата со 20 Грен Слем титули односно 54 трофеи од најважните турнири.
Исто така, на оваа табела недостига и бројот на недели поминати на врвот на АТП листата, каде Србинот е уште подоминантен.
Новак Ѓоковиќ во понеделник ќе ја започне 388-та недела од своето владеење, Роџер Федерер останува на 310, а Рафаел Надал само на 209 години.