ФОТО | Една од најубавите жени во Холивуд повторно ја шокираше јавноста: Меган Фокс излезе на забава само по долна облека
Меган Фокс не се појавува толку често во јавност, но секогаш кога ќе се појави, прави хаос! Деновиве актерката, како и поголемиот дел од холивудската елита, престојува во Лас Вегас, каде синоќа се одржа „Super Bowl“, а се појави на неколку забави и настани кои се одржуваа пред и по самиот спектакл. Но, Меган Фокс направи „журка“ и на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, убавата 37-годишна девојка на оваа социјална мрежа сподели серија секси фотографии од хотелот кои едноставно ги опиша со еден збор: „Мајка“. Објавата на Меган Фокс можете да ја погледнете ОВДЕ.
На овие фотографии Меган Фокс позира во дводелен комплет во сива боја со кој се упатила на ноќно излегување, иако е јасно дека повеќе одговара за спална соба отколку за јавно излегување.
Провокативниот комплет се состои од гаќички со црна тантела и корсет со врвка кои го истакнаа бујното деколте на холивудската ѕвезда. Меган Фокс го заокружи изданието со длабоки црни каубојски чизми со црвени детали и преголема кожна јакна. Таа се одлучи за силна, „вампирана“ шминка и модерна фризура – го следеше таканаречениот тренд на „влажна“ коса.
Фотографиите собраа преку милион допаѓања и бројни реакции од корисниците на социјалната мрежа Инстаграм – некои се воодушевени, но има голема група на оние кои се згрозени од нејзиниот премногу предизвикувачки стил на облекување кој Меган Фокс го турка веќе неколку години.