ФОТО | ЕКСТРЕМНИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ ЈА ПАРАЛИЗИРАА ЕВРОПА – Минус 44 степени на север, трагична смрт на мајка и ќерка

Екстремниот студ и снежното невреме го попречија сообраќајот и доведоа до затворање на училиштата во Скандинавија, додека силните ветрови и обилните дождови што ја погодија Западна Европа предизвикаа поплави и загина најмалку едно лице, пишува The Guardian.

Мајка и ќерка кои биле затрупани од лавина во финскиот дел на Лапонија се пронајдени мртви. Полицијата соопшти дека девојчето било пронајдено во четвртокот наутро. Таа се наоѓала недалеку од местото каде што во вторникот била пронајдена нејзината мајка. Лавина ги затрупала додека биле на скијање.

слика
Сообраќаен метеж во Шведска

Температурите во тој европски регион во средата беа пониски од -40 степени Целзиусови. Температурата на воздухот во селото Квикјок во шведската провинција на Лапонија во средата изнесуваше -43,6 степени Целзиусови. Шведската медиумска агенција ТТ објави дека ова е најниската температура измерена во јануари во Шведска во последните 25 години.

The Guardian наведува дека ниските температури, снегот и силните ветрови ги принудиле Скандинавците да затворат неколку мостови и неколку линии за возови. Затворени се и неколку училишта.

Илјада автомобили останаа заглавени на патиштата покриени со снег.

слика
Сообраќаен метеж во Шведска
слика
Сообраќаен метеж во Шведска
слика
Сообраќаен метеж во Шведска

Полицијата во Данска ги замоли своите сограѓани да избегнуваат непотребни патувања бидејќи снег и ветер ги погодија северниот и западниот дел на земјата.

Студот ја зафати и западна Русија, а температурите во Москва и други места се спуштија до -30 степени Целзиусови. Инаку, просечните јануарски температури на воздухот во тој дел на Русија се значително повисоки. Градските власти на Москва и Санкт Петербург издадоа т.н портокалови предупредувања. Бурата „Хенк“ опустоши делови од Западна Европа.

Возач загина откако дрво падна врз неговиот автомобил во вторникот попладне во западна Англија. Во Велика Британија бурата „Хенк“ предизвика инфраструктурни проблеми како што се прекини на струја, како и материјална штета и тешкотии во сообраќајот.

Во средата ширум Англија и Велс беа издадени повеќе од 300 предупредувања за поплави, а 10.000 домови сè уште немаат струја. Полицијата во Холандија соопшти дека силните ветрови можеби имале улога во смртта на 75-годишен маж кој во вторникот паднал од својот велосипед во близина на Ајндховен. Во Холандија нивото на водата значително се зголеми на неколку места, што доведе до евакуација на неколку сопственици на куќи.

На северот на Франција со денови паѓаат обилни дождови. Локалните власти соопштија дека околу 200 луѓе се евакуирани, а 10.000 домаќинства се без струја. Патиштата во градот Блендек беа поплавени, а тамошните градски власти во средата издадоа предупредување за поплави и им порачаа на сограѓаните да не излегуваат од домовите додека не се смири ситуацијата.

Стотици вработени во француските служби за итни случаи се на терен, а на помош им пријдоа колеги од Чешка, Словачка и Холандија. Нивото на водата на северот на Франција се намалува со помош на моќни пумпи.

Прогнозата вели дека француските региони веднаш до Ла Манш ќе продолжат да се борат со обилни дождови и ветрови кои ќе достигнат брзина од 100 km/h. Делови од Германија исто така се борат со поплави.