ФОТО | ЖАРКО ЛАУШЕВИЌ ПОСЛЕДЕН ПАТ СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТА ПРЕД 37 ДЕНА – Сите плачеа поради овие фотографии

Легендарниот југословенски и српски актер Жарко Лаушевиќ почина денеска, 15.11.2023 година, на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување. Само 37 дена претходно тој последен пат се појави во јавноста…

Жарко Лаушевиќ последен пат се појави во јавноста пред точно 37 дена, на премиерата на филмот на Радош Бајиќ – „Heroji Halijarda“, во салата на МТС.

Ова беше негово прво појавување во јавноста по неодамнешната хоспитализација поради здравствени проблеми.

Иако тешко болен, Жарко Лаушевиќ заедно со своите колеги излегоа на сцената и се поклонија на публиката.

Сцената која ги насолзи многумина кои имаа задоволство да ја видат во живо е онаа кога Петар Божовиќ на сцената го пречека Жарко Лаушевиќ: Силно го фати за раката, а потоа истата ја бакнуваше.