ФОТО | Жената на еден од најбогатите луѓе во светот претходната вечер ги шокираше сите во проѕирен фустан кој открива се: Погледнете како прошета Лорен Санчез низ Милано заедно со Џеф Безос

Лорен Санчез и Џеф Безос, третиот најбогат човек на светот, моментално престојуваат во Милано, каде што е во тек машката модна недела. Тие беа почесни гости на ревијата на луксузниот бренд D&G, а уживаа и во ноќниот живот во Милано и така го прославија 60-тиот роденден на Џеф Безос.

Лорен Санчез при престојот во италијанската метропола покажа неколку атрактивни изданија, но најмногу внимание привлече она во кое се појави со потполно проѕирен фустан кој не криеше ништо!

Имено, за едно од излегувањата, атрактивната црнка избрала тесен долг фустан од проѕирна црна тантела со горен дел како корсет. Креацијата и остави малку на фантазијата и јасно се гледаа црните танга гаќички на 54-годишната Лорен Санчез.

Оваа секси комбинација ја заокружи со црна јакна со сатенски детали и едноставни сандали со прерамки, кожна чанта и сребрен ѓердан, додека Џеф Безос на трендовски начин се одлучи за класика и скокна во црн плишан костум.

Лорен Санчез
Лорен Санчез и Џеф Безос

Поранешната водителка е позната по провокативните изданија и не бега да ги покаже своите атрибути, па ретко е да ја видите во облека без длабоко деколте.