ВМРО-ДПМНЕ: “Срамота е СДСМ да зборува за здравство на немање лекови и скандалот со Онклогија“

Срамота е СДС да зборува за здравство на немање лекови и скандалот со Онклогија.

Не само што со години болните од цистична фиброза молат за Трикафта, туку и најосновна терапија како инсулин е во често доцнење.

Пациентите во голем број наврати се принудени сами да купуваат и средства за апликација на лек.

СДС на здравството гледа како на институција за црпење на пари преку тендери.

Криминалот одел до таму, што на болни пациенти од рак наместо терапија им бил аплициран физиолошки раствор.

СДС во здравството направи пустош. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

„Во Центар“ (www.vocentar.com) овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.