Бујар Османи: Се уште има надеж за уставни измени

И покрај изјавите на Арбен Таравари и Стево Пендаровски дека надежите дека ќе се изгласаат уставните измени се се помали и помали, Бујар Османи е оптимист.

Османи во „10 минути“ вели дека месец и половина, колку останаа до крајот на годината, не е малку да се верува во политички чуда.

„Просторот секој ден се стеснува, тоа е јасно, но мислам дека месец и половина не е премалку за да се направат политички чуда и мислам дека не е во ред да се даваат дефетистички ставови сега кога ги загубија надежите. Претседателот го рече тоа, претседателот има поинаква улога и може да има поинакво предвидување.

Мислам дека треба да останеме оптимисти и да продолжиме да работиме“, рече Османи, но не откри дали има движење во оваа насока.