Арсовски: Уставните измени заземаат се помалку простор во јавниот дискурс

Аналитичарот Петар Арсовски вели дека политичкиот капитал на сегашниот состав е потрошен, сите погледи се вперени кон изборите. Притисокот на меѓународната заедница ќе продолжи, но со помал интензитет.

„Не сум оптимист дека во овој парламентарен состав може да се завршат уставните измени, политичкиот капитал на сегашниот состав е потрошен, сите погледи се вперени кон изборите и уставните измени заземаат се помалку простор во јавниот дискурс.

Иако теоретски е можно, практично и политички е невозможно да има уставни измени пред избори. Следната влада ќе ја пречекаат како прва точка, но и тогаш не сум оптимист.

Влегуваме во циклус во кој ќе се намали и желбата на Македонија и политичката цена за продолжување на преговорите, но и апетитот на ЕУ за проширување. И дека генералниот елемент за правење уставни измени ќе биде понеповолен. Првата можност да се вратиме на темата е септември 2024 година, а и тогаш не сум сигурен дека ќе го имаме истиот притисок и моментум како сега“, изјави Петар Асровски во „Само Вистина“.