САЛАХ ЗАМИНУВА ВО ЈАНУАРИ? Клоп веќе знае која ќе биде негова замена

Ливерпул ќе треба да плати околу 100 милиони евра.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп сака во зимскиот преоден рок да го ангажира играчот на Реал Мадрид и бразилски репрезентативец Родриго, пренесуваат британските медиуми. Родриго (22) во Реал пристигна во 2019 година од Сантос, а со мадридскиот клуб има договор до јуни 2025 година. Британските медиуми наведуваат дека обештетувањето за бразилскиот фудбалер е околу 100 милиони евра.

Родриго треба да биде замена за Мохамед Салах во Ливерпул, кој веќе во јануари следната година би можел да го напушти англискиот клуб и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Ливерпул ја одби понудата на Ал Итихад од 250 милиони евра за Салах во летниот преоден рок, но може да му дозволи на египетскиот фудбалер да се пресели во клуб од Саудиска Арабија во јануари.

Клоп смета дека Родриго би бил идеална замена за Салах. Бразилецот за Реал одигра 171 натпревар и постигна 38 гола, додека за бразилската репрезентација одигра 16 натпревари и погоди четири пати.