Бислимовски: Регулаторна веќе нема да пресметува и одредува цена на струјата, тоа ќе го прави ЕВН ХОМЕ

Регулаторната комисија повеќе нема да пресметува и утврдува цена на струјата. Вакво нешто ќе направи австриската компанија ЕВН ХОМЕ од 1 јануари 2024 година, изјави претседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски.

Тој рече дека формулата за пресметка нема да се менува, дека новата цена ќе ја одреди универзалниот снабдувач и ќе биде доставена до Регулаторната комисија и регулаторите ќе кажат дали е точна.

„Ние контролираме како се спроведува тарифниот систем. Дали трошоците за набавка се со цел, за маржа, трошоци за операторот на пазарот. Ако не се добри, ќе ги вратиме и ќе кажеме дека тарифните системи не се правилно применети“, вели Бислимоски.

Не се знае дали покрај проверката на одлуката, Регулаторна ќе може да интервенира и во цената.