ФОТО | “ЖЕНА-МАЧКА!“ – За оваа манекенка тврдат дека има најсовршено тело во бикини! Погледнете како изгледаше таа на нејзиното последно појавување во Мајами!
Моделот Џој Кориган (28 г.) беше ѕвезда на модната писта за време на Paraiso Swim Week во Мајами, Флорида. Таа прошета во два костими за капење кои ја истакнаа нејзината витка фигура.
Едно издание вклучуваше црн костим за капење во стил на танга, кој ги истакна нејзините затегнати нозе, а другото издание вклучуваше минијатурен розов топ и здолниште во истата нијанса.
На Џој Кориган на пистата и се придружи инфлуенсерката и модел Кара Дел Торо. Таа, пак, прошета во бели бикини кои ја истакнаа нејзината витка линија и заводливите облини, а целиот изглед дополнително го комплетирала со тркалезни висечки обетки и пуштена брановидна фризура.
Потоа, моделот се пресоблечела во издание на Victoria’s Secret – црн костим за капење украсен со реси и танга, а сето тоа дополнително било зачинето со блескав накит.
Џој Кориган очигледно е многу возбудена поради оваа прошетка по модната писта, а сето тоа го сними и го објави на социјалната мрежа Инстаграм. Таа беше среќна што ја сподели својата возбуда со нејзиното ново момче, Тед Даника (46 г.), кој е поранешен извршен директор на MySpace и претходно беше со актерката Тара Рид.
Иако носеше костими за капење од компанијата OneOne за оваа пригода, таа создава своја сопствена линија на костими за капење Naked Species со нејзината сестра Џина.
Таа со манекенство се занимава од 14-годишна возраст, откако агентите ја забележале во трговски центар во Северна Каролина.