ФОТО | Животна агонија на супер-ѕвездата: Ја “избркаа” од тенисот, се разведе од Македонскиот милијардер и – исчезна од очите на јавноста!
Романската тенисерка Симона Халеп доживува тешка година. Повреда, крај на сезоната, операција на носот, развод, допинг… – се и се натрупа и сигурно не и беше лесно.
Многумина беа изненадени од веста дека само 11 месеци по венчавката решила да се разведе од сопругот, романски тајкун со потекло од Македонија, Тони Јуруц.
„Симона Халеп по неполна година брак ќе се разведе од романскиот тајкун Тони Јуруц“, беше веста која ја потресе цела Романија. Миленичката на државата и богатиот претприемач сфатија дека можеби сепак не се еден за друг.
„Заедно одлучивме да се разведеме! Не инсистирајте, ова е моето последно јавно обраќање. Нашите адвокати ќе се погрижат за се останато за се да оди на најцивилизиран можен начин“, изјави тогаш Тони Јуруц.
Но, како тоа да не беше доволно, набрзо следеше нов шок! Симона Халеп била позитивна на роксадустат, лек против анемија кој го стимулира производството на хемоглобин и црвени крвни зрнца, а се шпекулира и дека можеби некој ја „наместил“. Овозможува пренос на кислород преку крвотокот, а со тоа и мускулите можат подолго да бидат во состојба на сила, Нелегалната супстанца е пронајдена и во примероците А и Б.
Се додека не се реши колкава ќе биде нејзината казна, Симона Халеп не може да се натпреварува понатаму. Засега таа е ’исфрлена’ од тенисот, а прашање е колку ќе трае тоа. Но и тука не завршува. Против неа е покренат уште еден случај.
„Повторно сум уништена. ITF (ITIA) уште еднаш, по трет пат, го одложи моето сослушување за еден месец подоцна. Чекам да ми се суди од октомври минатата година. Во декември конечно можев, благодарение на експертите, да покажам дека има доволно суплементи што сум ги користела, што предизвикало позитивен допинг тест. Побарав, како што налагаат антидопинг правилата, брзо сослушување. Тоа е мое право, пишува во правилата. За жал, три пати го одложија тоа рочиште“, се пожали двојната победничка на Грен слем турнирите (Вимблдон 2019, Ролан Гарос 2018), а се уште нема пресуда.
Меѓународната тениска федерација и Меѓународната агенција за интегритет во тенис наводно и го одземале правото да и се суди од независен трибунал.
„Нема да ми дозволат да учествувам на турнири осум месеци. Сега знам дека веќе ги пропуштив Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон. Да не зборуваме дека изгубив поени и пласман. Не само што ја убиваат мојата репутација, но и јас како професионален тенисер и нема ни да кажам какви последици има тоа врз моето ментално здравје. Непочитувањето на правилата во однос на брзото сослушување на кое имам право е толку понижувачки дека шот повеќе повеќе зборови“, напиша таа во објава на социјалните мрежи.
Од почетокот на допинг скандалот во кој се најде во центарот на вниманието, Симона Халеп ретко објавува фотографии и видеа на социјалните мрежи, а последен пат се огласи пред речиси еден месец.