ФОТО | Заносната сопруга на Един Џеко позираше полугола во дресот на Фенербахче и ги полуде обожавателите – погледнете
Капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко (37 г.) од следната сезона ќе ги брани боите на турски Фенербахче, потврдија од клубот.
Един Џеко пристигнува во Истанбул по истекот на договорот со Интер, во чиј дрес настапуваше последните две сезони. Турските медиуми претходно пишуваа дека тој ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона.
Симболично, последниот натпревар за „Нероаѕурите“ беше во Истанбул, каде во финалето на Лигата на шампионите беа поразени со 1:0 од Манчестер Сити.
За време на новиот трансфер, неговата сопруга и модел од БиХ, Амра Џеко, реши да ја искаже својата поддршка фотографирајќи се во дресот на турскиот клуб. Освен што заработи многу комплименти во коментарите, таа стана хит кај обожавателите, од кои некои ја прогласија за најубава жена.
Погледнете ја фотографијата ОВДЕ.
За потсетување, Амра и Един имаат четири деца, а фудбалерот од првата врска ја има и ќерката Софија.