ФОТО | ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ 7.000 ПАРЧИЊА ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА ВО БИТОЛА – Во домот на 60-годишен битолчанец пронајдени огномети и петарди

Полициски службеници од СВР Битола денес го лишиле од слобода З.Т. (60 г.) од Битола, во чиј дом и помошна просторија при претрес во периодот од 00:20 до 01:05 часот, биле пронајдени 4.080 парчиња различни пиротехнички средства – огномети и петарди.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 20:30 часот, на улица „Филип Втори Македонски” во Битола, при преглед на патничкото возило „Поло” со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т., биле пронајдени 2.713 парчиња различни пиротехнички средства.

По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава“, најави МВР