ФОТО | “За ова тело бев во кома девет и пол часа!“ – Популарната Стоја покажа совршена линија во минијатурно бикини: “Жено, гориш!“

Српската пејачка, Стојанка Новаковиќ, попозната во регионот како Стоја, често на себе има вишок килограми, а нејзината последна објава на социјалната мрежа Инстаграм докажува дека ја усовршила својата линија.

Пејачката моментално се наоѓа на хрватското приморје и ужива во шармот на сонцето, морето и лежерното издание во костим за капење.

Кој е жежок нека купи куќа покрај море“, се пошегува пејачката, алудирајќи на познатата изјава на нејзината колешка Диди Џеј.

Стоја

Стоја ги покажа извајаните нозе, стомак и бујните гради, а повеќето следбеници од споменатата социјална мрежа се согласија дека никогаш не изгледала подобро.

Жено, гориш, телото ти е совршено!“, „Кукла!“, „Изгледате одлично“, ова се само дел од комплиментите под објавата оставени од обожавателите.

Го знам тоа! Кога се менувам, менувам се! Ова лето ветив дека ќе ослабам и ќе направам нешто ново. Се обидов и успеа, навистина сум среќна. Поминав 10 дена и два месеци закрепнување во Турција. Уште ме боли, 3-4 дена бев неподвижна, среќа со мене отиде и другарка ми. Бев во вештачка кома девет и пол часа. За бројката не би сакала да зборувам, но некаде ја има. Кога ќе кажете Турција, сите знаат дека не е многу евтина и едноставна, но јас сум презадоволна“, истакнала пејачката пред една година.