ФОТО | За прв пат по повеќе од една деценија падна снег на југот на Африка! Жителите во делириум: “Ова е магија! Никогаш немаме видено…“

Жителите на најголемиот град на Јужноафриканската Република, Јоханесбург, во понеделникот наутро беа изненадени од снег и лапавица, кои паднаа за прв пат по повеќе од една деценија – поточно, таму немаше „бело ќебе“ од август 2012 година.

слика
Јоханесбург

Студениот фронт моментално го зафаќа поголемиот дел од земјата, но врнежите, за среќа, не предизвикаа поголеми нарушувања“, изјавил за BBC портпаролот на јужноафриканската метеоролошка служба (Saws) .

Според информациите, студените временски услови ќе продолжат до крајот на оваа недела.

Некои од учениците веќе виделе снег и претходно, а на некои ова им е прва средба со снегулки, а мислеле дека врне само дожд“, изјавила наставничката од основно училиште за локалните медиуми.

Ова е магија, прекрасен почеток на неделата!“, коментираат ентузијастичките жители.

Снег падна во провинциите Источен Кејп и Мпумаланга и во регионот Гаутенг, кој ги опфаќа Јоханесбург и Совето.

слика
Јоханесбург
слика
Јоханесбург
слика
Јоханесбург