ФОТО | Иако е фотографирана како се мази со Леонардо ди Каприо на јахта, убавата манекенка тврди дека не се во врска: “Да се ​​расчистат сите гласини…“

Познатиот актер Леонардо ди Каприо (48 г.) и британската манекенка со индиско потекло Нилам Гил (28 г.) биле забележани од странските папарацо-новинари во петокот на јахта што била закотвена во одморалиштето Порто Серво на северот на италијанскиот остров Сардинија, но Британката се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и кажа дека не била таму поради актерот на кој слаба точка му се манекенките во своите 20-ти години туку затоа што е во врска со неговиот добар пријател веќе неколку месеци.

слика
Леонадро ди Каприо и Нилам Гил

Откако таблоидите, главно британски, со месеци се обидуваа да им парираат, Нилам Гил стави крај на тие очајни обиди. „Само да се расчистат сите гласини… Јас не сум новиот љубовен интерес на Леонардо ди Каприо. Јас сум всушност во врска со негов добар пријател и тоа трае со месеци. Бевме фотографирани затоа што бев таму со мојот сакан. Се надевам дека ова ќе ги расчисти сите тие приказни за лажни гласини“, напиша таа во објава на социјалната мрежа Инстаграм.

слика
Нилам Гил
слика
Нилам Гил

Меѓутоа, токму кога се чинеше дека доаѓањето на Леонардо ди Каприо на Сардинија ќе помине без возбуда, Daily Mail објави дека актерот ја фатил за рака мистериозната бринета, наводно пријателка на Нилам Гил. Таа мистериозна бринета не е ТВ водителка Маја Јама (28 г.), која често се поврзуваше со актерот. Маја Јама беше предмет на гласини дека е во врска со Леонардо ди Каприо затоа што еднаш носела на себе ѓердан на кој пишувало „Лео“. Водителката беше принудена да објави на социјалната мрежа Твитер дека ланчето го носела затоа што во хороскопот е Лав, а не затоа што е во врска со славниот актер.

Единствените гласини за љубовниот живот на Леонардо ди Каприо кои привлекоа одредено внимание се оние за „пријателската“ врска со манекенката Џиџи Хадид (28 г.). Официјална потврда за оваа врска се уште нема, а извори велат дека ниту Џиџи Хадид ниту Леонардо ди Каприо не сакаат да коментираат.