Изгореа модуларни контејнери при пожар на сепарација кај Росоман, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
„Со едно возило и двајца пожарникари од ТППЕ Кавадарци се интервенираше на пожар кој настанал во близина на Росоман, на сепарацијата на ‘Градба промет‘“. Како што информираа од ТППЕ Кавадарци, не е настаната поголема материјална штета. Изгорела сува трева, бандера и модуларни контејнери.
Пожарот е локализиран и ставен под контрола, соопштија од кабинетот на Митко Јанчев.