Шест неочекувани здравствени состојби на кои може да укаже несоницата

Несоницата е проблем кој мачи голем број луѓе, а како што објаснуваат лекарите, може да укаже на неколку здравствени проблеми. Имено, дури една третина од Британците во одреден момент од животот ќе имаат епизоди од оваа фрустрирачка состојба. Повремените моменти на несоница можат да дојдат и да поминат без сериозни последици, пренесува The Sun.

Од друга страна, кај некои луѓе, несоницата може да трае со месеци, па дури и со години. Долгорочните проблеми со спиењето може да имаат големо влијание врз квалитетот на нашиот живот и нашето целокупно здравје. Исто така, несоницата во одредени ситуации може да биде предупредувачки знак за неколку медицински состојби. Ова подразбира:

  • дијабетес
  • проблеми со срцето
  • артритис
  • болест на бубрезите
  • ноќно мокрење или ноктурија
  • нарушувања на тироидната жлезда.