ФОТО | ИЛОН МАСК ВО УЛОГА НА ‘БЕЈБИСИТЕР’ – Милијардерот на средбата со Реџеп Таип Ердоган дошол со неговиот син, а ‘Султанот’ му порадил и уникатен поклон

За време на состанокот во Њујорк, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, го покани Илон Маск, сопственикот на компанијата Tesla, да отвори фабрика за автомобили во Турција.

На снимката од средбата може да се види дека Илон Маск го донел и својот син, чие име е X Æ A-12, познат и како Лил Икс (во превод – малиот Х), кому Реџеп Таип Ердоган му подарил фудбалска топка.

Ердоган
Илон Маск и Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган моментално е во САД, каде што присуствува на седницата на Генералното собрание на ОН, а со Илон Маск разговарал и за можната соработка на неговата компанија за истражување на вселената SpaceX со турската вселенска програма.

Во соопштението се наведува дека Реџеп Таип Ердоган му предложил на Илон Маск соработка поврзана со вештачката интелигенција и Starlink, сателитите на SpaceX за обезбедување на интернет услуги.

Илон Маск рекол дека SpaceX сака да обезбеди лиценца за понуда на Starlink во Турција.

Мехмет Фатих Качир, турскиот министер за индустрија и технологија, изјави дека Илон Маск ја опишал Турција како еден од најважните кандидати за инвестиции на компанијата Tesla.

Тој потоа додаде дека двајцата разговарале за турската програма за вооружени беспилотни летала.