ГОЛЕМА ДРАМА ВО ЛАС ВЕГАС – Хакери целосно го блокираа градот: Системот е паднат, банкоматите не работат, а во казината владее голема паника

На социјалните мрежи беше објавено дека хакери го нападнале Лас Вегас. Компанијата MGM Resorts International ја потврди оваа информација и соопшти дека сајбер нападот врз неа започнал пред шест дена.

Овој напад влијае на резервациите и казино операциите во Лас Вегас, како и на хотелите и казината низ САД. На социјалните мрежи се објавени видеа кои покажуваат дека автоматите за игри на среќа не работат. Некои гости посочуваат дека картичките за отклучување на хотелските соби исто така не функционираат.

На Интернет е објавено и дека луѓето не можат ниту да ги изгаснат светлата во своите соби. Резервациите се исто така нарушени, а MGM Resorts нуди бесплатно откажување на собите. И најголемиот сопственик на казино во светот, Caesars, потврди дека се погодени од сајбер нападот. Казино гигантот соопшти дека работата на неговите компјутери во казиното и хотелите не била нарушена, но не може со сигурност да каже дека личните податоци на десетици милиони негови клиенти се безбедни.

Нападите, кои покренаа истрага на ФБИ, го уриваат верувањето на јавноста дека безбедноста на казиното е врвна. 

Кога луѓето мислат на безбедноста, тие мислат на навистина големи суперкомпјутери, огнени ѕидови, многу безбедносни системи“, вели Јухван Ким, професор по компјутерски науки на Универзитетот во Невада, Лас Вегас, чија експертиза вклучува мрежна безбедност.

Тони Анскомб, главен офицер за безбедност во компанијата за сајбер безбедност ESET со седиште во Сан Диего, изјавил за американските медиуми дека се чини дека можеби бил социјално дизајниран напад, што значи дека хакерите масовно користеле фишинг повици, СМС или е-пошта за да влезат во системот.

Додека безбедносните прекршувања затворија некои катови на казина во Лас Вегас оваа недела, на Интернет се појави хакерска група која ја презема одговорноста за нападот врз системите Caesars и вели дека бара 30 милиони долари за откуп. Официјално не е утврдено дали некоја од засегнатите компании платила откуп за да ја врати контролата врз своите податоци. 

Ако тоа се случи со MGM, истото може да им се случи и на другите“, вели Јухван Ким и предупредува: „Дефинитивно ќе има уште напади. Затоа мора да се подготват“. 

Дулси Мартинез (45 г.), публицист од Лос Анџелес, изјавил за AP дека во понеделникот не можела да резервира соба во хотелот MGM Resorts преку Интернет за претстојното службено патување, а потоа дознала дека најголемиот сопственик на казино во Лас Вегас бил жртва на сајбер напад, но веќе било доцна: нејзиниот број на кредитна картичка бил злоупотребен за туѓо плаќање и таа го откажа.