Индиски службеник испумпувал вода од езеро за да си го НАЈДЕ ТЕЛЕФОНОТ – Правел селфи кога неговиот Самсунг од 1.200 долари паднал во вода (ВИДЕО)

Владин функционер во Индија е суспендиран откако наредил да се испумпува вода од вештачкото езеро за да се најде неговиот телефон.

Според Би-Би-Си, биле потребни три дена да се испумпаат милиони литри вода за да се најде телефонот што инспекторот за храна Рајеш Вишвас го испуштил додека правел селфи на браната на езерото.

Кога беше пронајден, телефонот бил премногу наполнет со вода за да работи.

Во неделата, Вишвас го испуштил својот телефон Самсунг, вреден околу 1.200 долари (100.000 рупии) во езерото Керката во централната индиска држава Чатисгар.

Тој тврдел дека телефонот содржи чувствителни владини податоци и дека мора да се најде.

Откако локалните нуркачи не успеаја да го пронајдат телефонот, Вишвас внесе дизел пумпа на свој трошок, велејќи дека добил усна дозвола од претпоставените да испушти „малку вода во блискиот канал“.

Тој тврди дека му било кажано дека тоа „всушност ќе им користи на земјоделците на кои им недостига вода“.

Целата акција била прекината кога по пријавата на местото на настанот пристигнало друго службено лице од водостопанското одделение.

  • Вишвас е суспендиран во очекување на истрага. Водата е неопходен ресурс и не може да се троши на овој начин – рече Пријанка Шукла, службеник во областа Канкер.