ВИДЕО | НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ НА ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ – Цел Милан зборува за ова: Славниот фудбалер со ова уште еднаш покажа дека е невиден крал

Познатата фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ со неочекуван гест ги воодушеви навивачите на Милан.

Росонерите“ доживеаја вистински дебакл во градското дерби во саботата. Загубија од Интер со резултат 5:1, па поранешниот ас на Милан решил да се обиде да го подигне моралот на тимот по крајно болниот пораз.

Без најава, Златан Ибрахимовиќ утрово се појавил на тренингот на својот неодамнешен клуб.

Од реакциите на луѓето од клубот се гледа дека никој не го очекувал. Тој решил да ги посети фудбалерите и да им даде поддршка пред пресметката со Њукасл во Лигата на шампионите. Видеото од овој настан можете да го погледнете ОВДЕ.

Тој ги придружувал „Росонерите“ на тренинг и разговарал со тренерот Стефано Пиоли и неговиот персонал, а снимката од тренингот погледнете ја ОВДЕ.

Атмосферата, која не беше најдобра по дебаклот во градското дерби, значително се подобри по неочекуваното пристигнување на клупската легенда.

Со овој одличен гест Златан Ибрахимовиќ уште еднаш покажа дека има голема љубов кон славниот италијански клуб.