Јована Тренчевска: “Околу 1.200 лица се опфатени проектот за подобрување на социјалните услуги“

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов и секретарите на Општинските организации на  Црвен Крст во Пробиштип и Кратово денеска беа во посета на даватели на социјални услуги, помош и нега во домот.

Министерката Јована Тренчевска истакна дека е особено горда на овој проект, кој се спроведува со поддршка на Светска банка. Во овој случај поттикната е меѓуопштинската соработка меѓу општините Пробиштип и Кратово. Услуги преку проектот добиваат 50  лица над 65 години.

Посебно ме радува тоа што услугите се достапни во руралните средини и во најодалечените места затоа што нашата заложба е да се грижиме и да овозможиме квалитетна нега и подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани. Ова особено е важно да го истакнам затоа што изминатиот период беа актуелни барањата на пензионерите за повисоки пензии, кои секако остануваат приоритет на Владата и Министерството за труд и социјална политика и за социјалните мерки за пензионерите, како и на Законот за минимална пензија на кого веќе се работи со работната група која е составена од сите засегнати страни“, вели Јована Тренчевска.

Посочи дека преку проектов се обезбедува разновидни услуги, односно помош и нема во домот, потоа услуги за активно стареење, претстој на лица со попреченост со индивидуални третмани, услуги за рехабилитација и лична асистенција. Во земјава се опфатени околу 1.200 корисници.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека го радува тоа што со овој проект ќе се води грижа за околу 20 тина граѓани, кои го граделе Пробиштип.

Посебно е чувството и големо е задоволството што кај мене е заедно со општина Кратово на разбирање на министерството за труд и социјална политика влеговме во еден ваков проект, каде што добиваме лиценцирани негователи, кои ќе водат грижа за дваесеттина наши граѓани“, вели Драган Анастасов.

Секретарот на ОО Црвен Крст-Пробиштип, Митко Ѓоргиевски истакна дека за реализацијата на овој проект имале голема поддршка од страна на градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, како и од локалната самоуправа. Тој истакна дека во двете општини имаат 50 корисници на услугите и вкупно 14 негователки, кои се обучени за работа на терен. Една од нив е и Катерина Митевска која се грижи за пет лица над 65 години. Забележа дека таа ги сака овие и лица и тоа се луѓе на коишто им треба нега и помош.

Ние имаме енергија, им даваме малку за нас, но тоа е се за нив. Обично е пазарување, набавка на намирници, раскревање по дома, припрема на храна, спремање на терапија, масажи, разодување низ домот, мобилност. На нив им треба разговор, друштво“, вели Катерина Митевска.

Забележа дека оваа работа не е тешка и за лицата кои се невработени да се пријават и да се активираат и да им дадат помош на повозрасните лица.