ФОТО | Илон Маск го коментираше конфликтот во украинската Армија: Милијардерот се огласи по изјавата на Валериј Залужни дека ситуацијата е во ќор-сокак

Милијардерот Илон Маск го коментираше „расколот“ помеѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни.

Илон Маск постави само извичник (!) како одговор на објавата на бизнисменот Дејвид Сакс, кој најави „отворен конфликт“ меѓу Володимир Зеленски и Валериј ЗалужниДејвид Сакс на социјалната мрежа Х (Твитер) напиша дека Володимир Зеленски и Валериј Залужни отворено се критикуваат во медиумите.

Илон Маск веднаш напиша извичник во коментарот за да ја нагласи важноста на тој момент за руско-украинскиот конфликт.

Валериј Залужни неодамна во текст за Economist кажа дека ситуацијата на фронтот е доведена во ќорсокак. Тој, исто така, истакна дека повеќе не се надева на пробив, иако според „учебниците“ вооружените сили на Украина веќе требало да се борат на Крим.

Илон Маск

Во петокот, за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Киев, Володимир Зеленски мораше да се оправда дека украинската офанзива не дошла во ќорсокак. Украинскиот претседател наведува дека решението за проблемите со кои се соочуваат вооружените сили на Украина лежи во снабдувањето со ловци F-16.

Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Игор Жовква, го критикуваше Валериј Залужни, велејќи дека тој не требало да им кажува на западните медиуми за состојбата на фронтот. Игор Жовква додаде дека соопштението на врховниот командант на вооружените сили на Украина предизвика „паника“ кај западните партнери на Киев.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги зборовите на Валериј Залужни, вели дека „специјалната операција“ за заштита на Донбас продолжува доследно и дека сите нејзини цели ќе бидат остварени. Кремљ објави и дека колку побрзо Киев сфати дека нема шанси за победа на бојното поле – толку побрзо ќе се реши ситуацијата и побрзо ќе се отворат некои перспективи.

Инаку, Илон Маск неодамна реагираше слично на изјавата на американската министерка за финансии Џенет Јелен дека Вашингтон може да си дозволи два воени конфликти истовремено.