ФОТО | “Имам страшни болки…“ – Марија Шерифовиќ се пожали и потоа заплака пред камерата: “Ова е навистина страшно“ – што се случува со поранешната победнича на Евровизија !?
Еден од најдобрите вокали на Балканот, Марија Шерифовиќ, пред неколку дена отпатува за Љубљана каде имала закажан концерт, но паузата од возењето и релаксирачкиот сон пред настапот и создале проблеми пореди кој таа би можела за малку да го откаже настапот.
Имено, пејачката во својот претходен влог на Јутјуб се пожали на публиката дека екстремно лошо спиела во Подгорица, каде што претходно била на турнеја, што и предизвикало болки во грбот.
„Имам ужасни болки, имам грчеви на десната страна, испив два лека. За жал, сето ова се должи на лошиот сон. Имав просечен сон, иако си донесов сопствена перница. Едната страна од телото ми е целосно вкочанета, молев синоќа некој да дојде да ме измасира, да нанесе крема за да можам да истуркам до крај денес. Страшно, се е скршено, не можам ништо“, открила Марија Шерифовиќ во видеото и додала: „Чекам да дојдат масерите да ме поправат бидејќи ми падна рамото. Сега е малку полесно, кога ме масираа. Господ е на помош“.
Таа во еден момент за време на видеото дури и заплака од болка, што изненади многумина од нејзините многубројни обожаватели.