ФОТО | ИНТЕРНЕТОТ ЕКСПОЛДИРАШЕ ПОРАДИ НАЈНОВАТА ОБЈАВА НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ – Латино дивата во долна облека ги остави без текст обожавателите
Секако дека Џенифер Лопез не може да изгледа лошо во долната облека.
Најновите фотографии ги преплавија социјалните мрежи, бидејќи латино дивата изгледа попредизвикувачко и попровокативно од било кога. За комплиментите да бидат уште позначајни, ќе ве потсетиме дека Џеј-Ло има 54 години. Не е сè заслуга на мајка природа – пејачката и актерка е позната по тоа што тренира и се храни здраво со години.
Најновите фотографии предизвикаа големо внимание. Таа направи серија за познат бренд и многумина ја опишаа како „олицетворение на сензуалноста“. Таа позираше со разбушавена коса, заводлив поглед и насмевка. На нив гледаме совршена долна облека, како и лице без брчки, совршени стомачни мускули, затегната и чиста кожа, а фотографиите можете да ги погледнете ОВДЕ.
Секако, таа доби многу комплименти, но што се крие зад овие фотографии ? Џенифер Лопез никогаш немала проблем да покаже како изгледа без шминка. Таа често објавува фотографии сосема природна, а тоа ги поттикна обожавателите да сакаат научниците да се занимаваат со неа. Како што истакнаа, не е можно некој да изгледа толку младешки. Затоа и овие совршени фотографии во долна облека кријат една вистина – Џенифер Лопез е и жена од крв и месо која има целулит.