ФОТО | ИСТОРИСКА ПОСЕТА, “СУЛТАНОТ“ ВО АТИНА – Грција и Турција потпишаа 15 договори: “Нема проблем што не можеме да го решиме!“

Грција и Турција денес потпишаа заедничка декларација за продолжување на добрососедските односи.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, е во посета на Грција, каде што се сретна со претседателот на Владата, Киријакос Мицотакис, со цел да ги поправи заладените односи меѓу двете членки на НАТО и да ги подобри врските на Анкара со нејзините западни сојузници.

Географијата и историјата ни наредија да живееме во исто маало… повремено во конфронтација. Но, чувствувам историска одговорност да ја искористам оваа можност да ги доведам двете земји една до друга, исто како и нашите граници“, посочи премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, пренесе медиумската агенција Reuters.

Нема нерешливи прашања меѓу Анкара и Атина и покрај некои несогласувања“, истакна денес модерниот „Султан“ и изјави дека Турција сака да го продолжи позитивниот моментум постигнат во билатералните односи меѓу двете земји.

Реџеп Таип Ердоган по средбата со Киријакос Мицотакис во Атина најави дека министрите за надворешни работи на двете земји ќе разговараат за споровите во Егејското Море и смета дека би било добро годишните разговори да се одржуваат на високо ниво.

.
Реџеп Таип Ердоган и Киријакос Мицотакис

Нема нерешливо прашање меѓу нас. Сè додека се фокусираме на пошироката слика и не завршиме како оние кои поминуваат низ морето и се дават во реката“, порача Реџеп Таип Ердоган и додаде дека двата сојузници во НАТО сакаат да го зголемат обемот на билатералната трговија на 10 милијарди долари.

Покрај декларацијата за „добрососедски односи“, министрите што ги претставуваат Грција и Турција денеска во Атина потпишаа 15 договори, како знак, велат аналитичарите, колку револуционерна била посетата на Реџеп Таип Ердоган.

Меѓу нив беше и 12-месечна програма за визи која ќе овозможи зголемен број турски туристи да ги посетат блиските грчки острови во текот на целата година, без да бараат дозволи.

Тоа е мерка што ги зближува нашите два народа“, изјави министерот за миграција на Грција, Димитрис Каиридис.

За време на посетата на Атина, Реџеп Таип Ердоган претходно се сретна со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и најави „нова ера“ во односите меѓу Турција и Грција.