ФОТО | Италијанците згрозени од полуголата сопруга на контраверзниот рапер Канје Вест: “Нема почит, не ни треба ова ѓубре во Италија!“ – погледнете

Контроверзниот рапер Канје Вест е забележан со неговата нова сопруга Бјанка Ценсори во Тоскана, Италија, а неговите верни обожаватели беа многу заинтересирани за провокативното издание на неговата љубов.

слика
Канје Вест и Бјанка Ценсори

Додека 46-годишниот Канје Вест носел црн ансамбл, кој вклучува само јакна, панталони и чевли, неговата секси сопруга носела проѕирно боди со хеланки во боја на кожа. Австралиската убавица се одлучила и за бели шорцеви со нејзиниот атрактивен сет кој открива многу, а на парот им се придружил и нивната пријателка која на прв поглед многу личи на бившата на раперот, Ким Кардашијан. Имено, модниот вкус и општиот изглед и начин на облекување на Бјанка Ценсори многумина ги споредуваат со поранешната сопруга на Канје Вест.

слика
Канје Вест и Бјанка Ценсори

Ексцентричниот пар често е во центарот на вниманието, а се венчаа на приватна церемонија во Беверли Хилс во јануари, околу два месеци по официјалното финализирање на разводот на раперот со Ким Кардашијан. Сепак, законитоста на нивниот брак е доведена во прашање бидејќи тие не доставиле извод од венчавка, пишува Daily Mail. Сепак, музичарот ја третира Бјанка Ценсори како сопруга и често може да се види со венчален прстен на раката.

слика
Канје Вест и Бјанка Ценсори

Да потсетиме дека Бјанка Ценсори дипломирала архитектура и работела во дизајнерската компанија на раперот, Yeezy, пред да станат пар.

Згрозените Италијанци ја критикуваа „сопругата“ на Канје Вест поради тоа што носела исклучително разоткрива облека за време на посетата на оваа европска земја. Тие веќе некое време престојуваат во Италија, а Бјанка Ценсори во неколку наврати се шетала во проѕирни парчиња кои јасно и го откривале задниот дел и/или градите. Италијанците ги коментираа и нејзините објави на социјалните мрежи каде и рекоа дека „нема почит“ кон нивната култура.

Не ни треба ова ѓубре во Италија“, коментираше една Италијанка на социјалните мрежи, додека друга и вели дека „нема стил“ и дека е „вулгарна“. Некои дури и порачаа на славниот пар дека не се добредојдени во нивната земја и да се вратат дома, пренесува Daily Mail.