ФОТО | И МАКЕДОНЦИТЕ СЛАВАТ ЗА ПОБЕДАТА НА ‘СУЛТАНОТ’ – Припадници на турската заедница во Скопје прославуваат за Реџеп Таип Ердоган

Припадници на турската заедница во земјава вечерва во Скопје ја прославуваат победата на актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој прогласи победа во вториот круг од претседателските избори. 

Организирани со возила и турски знамиња, припадниците на турската заедница во земјава се движеа низ централното градско подрачје.

Скопје, Северна Македонија

ТРТ јави дека по преброени 97,9 отсто од гласовите Реџеп Таип Ердоган води со 52, 14 отсто, додека неговиот противкандидат од опозицијата Кемал Киличдароглу освоил 47,86 отсто.