ФОТО | “КАКВА УБАВИНА!“ – Деколте подлабоко од инфлацијата на САД – Хејли Бибер го привлече вниманието на целиот свет со нејзиното ‘голо’ издание – погледнете!
Манекенката Хејли Бибер (26 г.) изгледаше сензационално во Њујорк во четвртокот навечер за време на прославата од првата годишнина на нејзиниот бренд за нега на кожа Rhode.
Сопругата на пејачот, Џастин Бибер, го покажа своето исончано и затегнато тело во оскуден розов мини фустан. Фустанот имаше тесен корсет кој го истакнуваше и онака тесниот струк на Хејли Бибер.
Пред својот стан во Њујорк, таа прошетала во проѕирни високи потпетици, а со целиот изглед таа имала соодветна блескава розова чанта.
Иако се чини дека не може повеќе да заслепува, манекенката избрала да носи дијамантски ѓердан и обетки. На долгите нокти нанесела француски маникир во црвено-розова комбинација на бои. Таа имала и едноставна шминка, но со многу сјај, особено нагласувајќи ги јаболчниците, а додека косата ја собрала во елегантна мазна пунџа.
Младата претприемачка на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм со следбениците ги сподели деталите од подготовките за прославата и нејзиниот изглед.
За потсетување, брендот на манекенката, Rhode, беше лансиран во јуни 2022 година и е нејзиниот прв деловен потфат во светот на козметиката. Rhode се рекламира како веганска линија за нега на кожа без глутен, развиена од дерматолози.
Хејли Бибер во делот „За нас“ на официјалната веб-страница на брендот истакнува дека нејзиното патување до поздрава кожа ја мотивирало да создава производи кои навистина функционираат. Таа сака производите да бидат достапни за секого, а цената на ниту еден производ не надминува 30 долари.