ФОТО | Канје Вест објави голи фотографии од неговата сопруга на Инстаграм, а обожавателите полудеа: „Брату и твоите деца можат да го видат ова!“

Во 2023 година, Бјанка Ценсори ја изненади јавноста со многу оскудни комбинации, а сега нејзиниот сопруг, Канје Вест, објави дека неговата избраничка оваа година ќе носи уште помалку облека. 

Контроверзниот рапер ова го најави со споделување на „голи“ фотографии од неговата сопруга.

Оваа година нема панталони“, напиша тој покрај една фотографија на која Бјанка Ценсори е во многу минијатурна и тенка танга, со крзнен градник над градите, а оваа објава можете да ја погледнете ОВДЕ

Канје Вест потоа сподели друга фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, селфи во огледало, на кое стои покриен од глава до пети покрај неговата избраничка, на која градите едвај и се покриени, а носи и корсет и црна капут, а оваа фотографија можете да ја погледнете ОВДЕ.

На следната фотографија Бјанка Ценсори излегува од тушот од хотелската соба и гледа во нејзините стапала, каде што носи црни чизми до колена.

Испушти нешто ?“, напиша раперот во описот на фотографијата, а истата можете да ја погледнете ОВДЕ.

По серијата на овие фотографии на кои Бјанка Ценсори не носи многу облека, многу обожаватели на Канје Вест упатија критики за објавувањето на овие фотографии.

Брату, твоите деца се на оваа апликација“, беше коментарот што се однесуваше на четирите деца што раперот ги има со неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.