ФОТО | КИНА ИСПРАЌА ВОЕНИ БРОДОВИ И БОРЕНИ АВИОНИ НА ТАЈВАН !? Тензично пред почетокот на воените вежби на островот што Пекинг го смета за ‘свој’

Кина испрати поморски бродови и голема група воени авиони на Тајван, соопшти денес Министерството за одбрана на Тајван, остров кој Пекинг го смета за кинеска територија.

Се наведува дека Кинеската Народно-Ослободителна Армија прво испратила 38 воени авиони и девет поморски бродови околу Тајван, а потоа на островот полетале уште 30 авиони, меѓу кои и ловци Ј-10 и Ј-16.

Тајван треба да ја одржи годишната вежба „Хан Гуанг“ кон крајот на овој месец, во која неговата Армија ќе вежба борбена готовност за да спречи можна идна инвазија од Кина.

Исто така, ќе спроведуваат и годишните вежби „Ванан“ чија цел е подготовка на цивилите за природни катастрофи и евакуација од воздушни напади.