ФОТО | КОЈ Е МИСТЕРИОЗНИОТ “ГОСПОДИН КОПЧЕ“ !? Овој човек буквално во раце ја држи судбината на светот и го следи Владимир Путин насекаде
Телохранителот на Владимир Путин, кој го носи прекарот – „господин копче“, можеби буквално ја држи судбината на светот во свои раце во секое време додека го носи врвниот симбол на моќта на рускиот претседател.
На своите пријатели во Кремљ познат како „господин копче“, морскиот капетан кој стана десна рака на Владимир Путин, е задолжен за една од најстрашните работи на рускиот „диктатор“ – неговата нуклеарна актовка која може да ја започне Третата светска војна во секој момент.
Прекарот на телохранителот доаѓа од неговото вистинско име Дмитриј Шумејко или скратено Дима.
А „копче“ е не толку суптилна референца за фактот дека во актовката има уред со копче за лансирање на нуклеарните бомби на Кремљ.
Се вели дека актовката го контролира нуклеарниот арсенал на Москва и често се наведува како предупредувачки знак на Владимир Путин до остатокот од светот за тоа колку моќ поседува.
Со потенцијал за апокалиптичен нуклеарен удар на прстите на Владимир Путин во секој момент, многу луѓе на Запад долго време се плашеа од содржината на овој куфер односно актовка.
Актовката е направена во раните 1980-ти години и првпат беше претставена на светот во 2019 година, а неговата содржина беше прикажана одблиску на телевизија.
Внатре во куќиштето има бело – не црвено – копче и отвори за флеш-картичка што Владимир Путин ќе треба да ја вметне за да ја започне следната фаза од нападот.
Се верува дека има три такви актовки – сите поврзани со комуникациска мрежа позната како „Кавказ“.
Владимир Путин редовно се гледа и со уште една опасна црна актовка, за која се шпекулира дека содржи склоплив штит кој ќе го заштити Владимир Путин во случај на напад со куршум.
Се верува дека и двете актовски имаат персонализиран клучен код кој само неколку луѓе го знаат и се обезбедени под 24/7 надзор.
Друг поморски капетан кој претходно бил одговорен за носење на специјалната актовка на Владимир Путин бил 71-годишниот капетан Владимир Полешчук.
Независна истражна куќа Project во вест го откри неговиот идентитет.
Друго нарушување на безбедноста подоцна го откри идентитетот на некои од телохранителите на претседателот.
Владимир Тимофеев (40 г.) е фотографиран на забава во сауна во бизарна бања покрај огромни теписи со ликот на Владимир Путин на нив, како и Александар Купријанов, кој исто така бил виден во сауна.
Шокантниот извештај, исто така, објасни како лудата теорија што се шири како шумски пожар низ светот за Владимир Путин може да биде вистинита.
Неколку новинари од Кремљ рекоа дека веруваат дека претседателот често користел двојник.
„Некои новинари од кругот на Кремљ во одреден момент почнаа да кажуваат дека веруваат во постоењето на двојници – толку чудни беа начините на кои претседателот ги почитуваше мерките за карантин. Не постои друг начин да се објасни чудното однесување на Владимир Путин во последно време – тој или ги почитува таканаречените ‘санитарни ограничувања’ поврзани со епидемијата на Ковид-19 или пркосно ги прекршува. Ова се однесува на начинот на кој тој беше среќен да ги гушка луѓето неколку дена, но потоа им наредуваше да стојат на најмалку пет метри од него“, според еден руски медиум.
Инаку, заедно со „господин копче“ во придружба на Владимир Путин, на патувањата на претседателот во странство биле видени и најдобрите доктори во Русија додека се повеќе се шпекулира за неговата здравствена состојба.
Се вели дека овие доктори видени во близина на Владимир Путин се д-р. Игор Есаков, специјалист за уво, нос и грло, д-р. Евгениј Селиванов, специјалист за рак на тироидната жлезда и невролог д-р. Роман Ротанков.