ФОТО | Леонардо ди Каприо ѝ ја претстави новата девојка на својата мајка – парот забележан заедно на интересно место: “Ова веќе станува сериозно“
Леонардо ди Каприо деновиве е забележан во Милано, а со него е „уловена“ и манекенката Виторија Церети (25 г.), но и мајката на актерот Ирмелин.
Леонардо ди Каприо се обидел да се сокрие под капата кога излегувал од музејот, а Виторија Церети одела пред него. Фотографиите ги објави магазинот Page Six.
Инаку, Виторија Церети е родена на 7. јуни 1998 година како ќерка на Џузепе Серети, сопственик на компанија за подови и мајка Франческа, домаќинка. Кога имала 14 години, се пријавила на натпреварот Elite Model Luke во Италија, каде стигнала до финалето, а денес е успешен италијански модел.
Таа има носено колекции на ревии за брендовите Chloé, Paco Rabanne, Alexander McQueen, Ralph Lauren, Alexander Wang, Versace, Roberto Cavalli, Dolce & Gabbana, Armani, Prada, Marc Jacobs, Michael Kors, Bottega Veneta, Tom Ford, Tommy Hilfiger…
Таа позираше и за насловните страници на Vogue во различни земји како Германија, Италија и Јапонија. Италијански Vogue напиша дека таа е најбараниот модел за 2018 година на нивната веб-страница.