Дел од општините Карпош и Бутел утре без струја

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош и Бутел.

-Од 09.00 до 13.00 часот без струја ќе биде бидат корисниците од улицата „Леринска“ во Општина Карпош, од 09.00 до 15.00 часот корисниците од булеварот „Босна и Херцеговина“ во Општина Бутел, а од 16.30 до 18.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Скупи“, Злокуќани во Општина Карпош, се наведува во соопштението од РЦУК на Град Скопје.