Галтие: Меси заслужува посебен третман во ПСЖ

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие признва дека Лионел Меси не добива дефанзивни задачи во неговиот тим и порача дека другите фудбалери мораат да работат повеќе за да му дадат слобода на играта.

Меси во саботата повторно беше прва ѕвезда при камбек 2:1 победата над Тулуз во меч во кој отсуствуваа Килијан Мбапе и Нејмар и Галтие смета дека Аргентинецот мора да добие целосна поддршка од своите соиграчи.

„Барам од тимот да играат за Лео и да работат за него. Тој мора да биде изземен од одредени задачи на теренот и неговите партнери мора да се трудат повеќе да ја враќаат топката и да креираат ситуации за него“, признава Галтие.