Вредноста на Мета паѓа за 190 милијарди долари

Со отворањето на Вол Стрит во Њујорк, акциите на Мета исто така паднаа за 15 отсто, што ја доведе компанијата до загуба од 190 милијарди долари, бидејќи инвеститорите реагираа на ветувањето за зголемување на трошоците за Ал.

Марк Цукерберг, основачот и извршен директор на Мета, рече дека „трошењето на технологијата ќе мора значително да се зголеми пред компанијата да може да оствари голем приход од новите производи со Ал“.

Инаку, минатата недела Мета ја објави Llama 3, најновата верзија на својот модел со Al, заедно со генератор на слики што ги ажурира фотографиите во реално време додека корисниците пишуваат во барањата, пишува Гардијан .

Нејзиниот асистент со Ал, исто така, се проширува на други платформи и земји, вклучувајќи ги Австралија, Канада, Сингапур, Нигерија и Пакистан.

Во меѓувреме, компанијата се вели дека работи на ширење на својот модел со Al и во Европа.

Падот на акциите на Мета следи по рекордната добивка во февруари, кога компанијата додаде уште 196 милијарди долари на вредноста на берзата.

Сепак, рекордот неколку недели подоцна го собори Nvidia со профит од 277 милијарди долари.