На Ибрахимовиќ му е забрането да влегува во соблекувалната на Милан: Златан може да оди само на трибини! Ова е причината

Половина година откако се повлече од играњето, Златан Ибрахимовиќ (41) се врати во Милано.

Се шпекулираше дека би можел да стане помошник тренер во стручниот штаб на Стефано Пиоли или спортски директор, но според сè се очекува да ја има улогата на советник на првиот тренер.

Ибрахимовиќ на новата позиција ќе биде со тимот во важни моменти, но за време на официјалните натпревари нема да смее да влезе во соблекувалната на Милан.

Италијанската „Ла Република“ пишува дека Златан има забрана за влез во соблекувалната на Милан кога се во прашање официјалните натпревари, а за тоа време ќе мора да седи на трибините. Правилата на Италијанската фудбалска федерација строго одредуваат кој од официјалните лица смее да биде во соблекувалната.

Ибрахимовиќ во кариерата одигра 163 натпревари за Милан и постигна 93 гола. Со Милан ја има освоено и титулата во италијанскиот шампионат.