ФОТО | Лука Модриќ одби еден од најпрофитабилните договори во фудбалската историја! Хрватскиот фудбалер кажа големо ‘НЕ’ и ја продолжи соработката со Реал Мадрид

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ (37 г.) го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една сезона, до 30. јуни 2024 година.

Тој во Реал Мадрид дојде во 2012 година од Тотенхем и во текот на претходните 11 сезони одигра 488 натпревари за „Кралскиот клуб“ и освои 23 трофеи.

Лука Модриќ во претстојната сезона ќе има можност да ги претекне Карим Бензема и Марсело кои освоија по 25 трофеи, најмногу во историјата на Реал Мадрид.

Лука Модриќ, кој во септември ќе наполни 38 години, ги освои најголемите индивидуални награди во Реал Мадрид, вклучувајќи ја и Златната топка за 2018 година.

Судејќи според информациите од странските медиуми, Лука Модриќ имал можност кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Фабрицио Романо, специјалист за фудбалски трансфери, изјави дека понудата што ја добил хрватскиот фудбалер од истокот е една од најголемите во историјата на фудбалот.