ФОТО | Марија Шарапова го ‘дрма’ светот на бизнисот! Убавата Русинка инвестирала само 465.000 евра во фабрика која денес вреди повеќе од 170 милиони – погледнете!
Марија Шарапова, некогашната тенисерка број еден во светот, продолжува да реди успеси и по нејзината богата кариера.
Убавата Русинка овој пат бележи успеси во бизнисот со слатки (засладувачи).
Во 2020 година Марија Шарапова се прости од професионалниот тенис, а потоа направи свој бренд на производи под името – „Шугарпова“.
Погледнете како изгледа нејзиниот бренд ОВДЕ.
Марија Шарапова во овој бизнис инвестирала само 465.000 евра, а сега нејзината фабрика за слатки вреди неверојатни 170 милиони евра.
Марија Шарапова секоја година заработува 18 милиони евра, што е повеќе отколку што заработила во текот на нејзината тениска кариера.
Нејзините слатки се продаваат во 22 земји ширум светот.
Покрај слатки, Марија Шарапова, чие богатство моментално се проценува на околу 200 милиони евра, има косопственост во компанијата за производство на нараквици „Bala bangles“. Таа е во тој бизнис заедно со сопственикот на НБА клубот Далас Маверикс, Марк Кубан. Покрај ова, таа вложува и во фитнес брендот „Therabody“ кој и носи одреден приход.