ФОТО | МЕГАН ФОКС ПРОДОЛЖУВА ДА ПРОВОЦИРА! Убавата актерка во оскуден фустан уште еднаш ги ‘запали’ обожавателите: “Не грижете се за моите гради!“
Актерката Меган Фокс (37 г.) повторно сподели објави во провокативна облека откако ги воодушеви нејзините многубројни следбеници со фотографии без гаќички, фотографии од качување на дрво во оскудно бикини и фотографии во бел влажен проѕирен фустан кој целосно ги откри сите нејзини атрибути.
Овој пат актерката избрала проѕирен долг фустан во црвени тонови со пруги кои го истакнуваа нејзиното тело. Таа носела и голем сребрен накит околу вратот, косата ја обликувала во пунџа и носела свечена шминка. Заедно со фотографиите објави и две видеа, а на едно од нив актерката се „мази“ односно допира по стомакот и ги покажува долгите бели нокти. На таа снимка се гледа и дека под фустанот носи боди кое ја покрива до под градите, а во описот објаснила што има на градите.
„Пред да започнете луто да коментирате – ова не се мои брадавици, смирете се. Тие се безбедно и целосно скриени под налепниците на брадавиците, така што не треба да се грижите“, напиша Меган Фокс во описот на објавата.
Погледнете ги фотографиите на Меган Фокс ОВДЕ.
Обожавателите и Меган се осврнаа на провокативните фотографии од Меган кои таа ги објави претходно на социјалната мрежа Инстаграм, а додека некои ги сметаа за убава уметност, други ги сметаа за срамни.