ФОТО | МЕДИЦИНСКО ЧУДО ВО АВСТРИЈА – Момче (10 г.) доживеало страшна несреќа и му здробил дел од черепот: Еве како докторите му го спасиле животот
Докторите од Универзитетската болница во Салцбург успешно рекреирале и замениле дел од черепот на 10-годишно момче откако го скршило делот во несреќа во декември 2023 година.
Феликс (10 г.) и неговиот помлад брат Симон му помагале на својот дедо со столарија во Баварија на 28. декември 2023 година, кога челичен кабел се скинал, поради што стегачот на јажето му паднал на главата на 10-годишното момче.
Како последица на несреќата металниот дел му го прободел черепот, а потоа се заглавил, поради што Феликс со хеликоптер бил префрлен во Универзитетската болница во Салцбург. Скенерот го потврдил степенот на оштетување на черепот – коскениот покрив бил делумно скршен.
Во почетната четиричасовна операција, двајца педијатриски хирурзи и неврохирург го отстрануале металниот дел и многу парчиња коска од мозокот на момчето, вметнале сонда за интракранијален притисок и привремено го запечатувале черепот. Потоа детето било пренесено на одделението за интензивна нега.
„Првиот период е особено тежок. Мозокот отекува, нешто може да се воспали, можно е секундарно крварење и разни нарушувања. Следиме неколку деликатни фази по операцијата. Постои и ризик од невролошки последици, но тоа не изненадува“, вели Роман Мецгер, раководител на Универзитетската болница за педијатрија и адолесцентна медицина во Салцбург.
Универзитетската болница во Салцбург е една од првите болници со сопствена 3Д лабораторија.
„Досега тоа го правеа надворешни компании, за што во просек се потребни 3 до 4 недели. За Феликс, работевме со хирурзи за дизајнирање и печатење на имплант прилагоден на неговите потреби во рок од 5 дена. Материјалот што се користи е ‘PEEK’, исклучително робусна медицинска пластика која телото не ја отфрла“, вели првиот човек на 3Д лабораторијата на клиниката, Вернер Вурм.
Сепак, имало пречки – за планираните интервенции, претходно се прави КТ скен со цел прецизно да се моделира имплантот на недопрениот череп. Феликс бил донесен со испукани коски, а шаблонот недостасувал.
„Затоа практично ја копиравме постојната форма на черепот врз основа на 3Д збир на податоци од КТ слики и најпрво создадовме модел на спротивната страна“, известува неврохирургот Јоханес Пепе.
Делот што недостасувал потоа бил конструиран врз основа на моделот и инсталиран на 17. јануари 2024 година.
Следувала уште една речиси тричасовна операција, но таа била крунисана со успех – имплантот се вклопил на половина милиметар.