ФОТО | МИСТЕРИЈА ОД ВСЕЛЕНАТА КОЈА ДО ДЕНЕС НЕ Е РЕШЕНА – Три ѕвезди исчезнале без трага за помалку од еден час, а се уште никој не знае каде се

Научниците од опсерваторијата Паломар го набљудувале ноќното небо на 19. јули 1952 година и како дел од проектот направиле повеќе фотографии од истата област за да помогнат во идентификацијата на небесните тела како што се астероидите. 

Околу 20:52 часот на 19. јули 1952 години научниците снимиле јато од три светли ѕвезди, но кога ја фотографирале истата област во 21:45 часот – ѕвездите исчезнале. Така, за помалку од еден час немало никаква трага од нив.

Ѕвездите не само што исчезнуваат. Тие може да експлодираат, или нивниот сјај може да ослабне, но не и да исчезне. Но, видеото покажува дека токму тоа се случило.

Кластер од три ѕвезди може јасно да се види на првата фотографија, но не и на втората. Една од можностите е наеднаш да им паднал сјајот, но тоа објаснување баш и не „држи вода“. Имено, тоа би значело дека тие се помрачиле за 10.000 пати повеќе.

Што може да предизвика ѕвездите толку брзо да изгубат толку сјај ?

Друго објаснување е дека тоа воопшто не биле три ѕвезди, туку една. Можеби таа ѕвезда накратко заблескала, а во исто време меѓу неа и Земјата поминала црна дупка со ѕвездена маса и ја искривила нејзината форма со ефект на гравитациона леќа, односно покажала дека има три тела, а не едно.

Проблемот со оваа хипотеза е што во тој случај би требало да се соберат неколку фактори и тоа би бил исклучително редок настан. Сепак, други фотографии од 1950-тите покажуваат слично исчезнување на повеќе ѕвезди. Во некои случаи, ѕвездите биле разделени со минути на лак, што тешко би создало ефект на гравитациона леќа, пишува Universe Today.

Трета можност е дека тие воопшто не биле ѕвезди, туку објекти на Ортовиот облак кои поради некоја причина во исто време ја зголемиле светлината и кои подоцна не можело да бидат снимени бидејќи тие продолжиле по својата орбита. Облакот Орт е сферичен облак од кометни јадра на самиот раб на Сончевиот систем.

Има уште едно интересно објаснување – дека тие не се ни вселенски објекти. Опсерваторијата Паломар се наоѓа релативно блиску до пустините на Ново Мексико каде што се тестираа нуклеарно оружје. Можеби радиоактивната прашина ги контаминирала плочите, создавајќи светли точки на некои фотографии, а на други не.

Со оглед на сличните исчезнувања на ѕвездите снимени во 1950-тите години, ова се чини сосема можно. Но, сè уште не можеме да бидеме сигурни до ден денес.