ФОТО | МЛАДО МОМЧЕ ОД НОВИ САД Е УБИЕНО ВО ИЗРАЕЛ – Неговиот славен дедо ја објави тажната вест: “Повеќе го нема нашиот…“

Долгогодишниот уредник на музичката програма на Радио Нови Сад и денес познат српски туристички водич во „Светата земја“ објави дека неговиот внук починал на музички фестивал во близина на границата со Појасот Газа, пренесуваат соседните медиуми. 

Да потсетиме, терористите на Хамас упаднаа на музичкиот фестивал и убија 260 луѓе.

Душан Михалек на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук ја објави веста за смртта на внукот.

Повеќе го нема (1999). Армијата и социјалните служби дојдоа да ни кажат дека неговото тело е пронајдено. Нема веќе надеж“, пишува Душан Михалек на својот профил со фотографија од внукот.

Во саботата Душан Михалек објави дека неговиот внук исчезнал со порака: „Молете се“.

Нашиот најстар внук Мор исчезна, на границата со Појасот Газа. Не знаеме ништо за него. Молете се“, напиша Душан Михалек во саботата на Фејсбук, а воедно и сподели нивна заедничка фотографија.