ФОТО | Младо момче проголтало 40 гуми за џвакање, а родителите останале во целосен шок! Еве какви се последиците и дали тоа останува засекогаш во телото – можат да направат тотален хаос!
Едно момче проголтало 40 гуми за џвакање одеднаш, а ова биле страшните последици!
Родителите на едно момче ги фатило паника кога нивниот син, ни помалку ни повеќе, проголтал 40 гуми за џвакање од пакетче. Шест часа подоцна, момчето почнало да чувствува грчеви во стомакот, дијареа и имало силни болки, пренесува научното списание „Science Direct“.
Според нивниот извештај, момчето итно било пренесено во болница. Докторскиот тим на клиниката во Кливленд веднаш му го скенирал стомакот и карлицата, и имале што да видат. Скенирањето покажало дека парчиња гума за џвакање блокирале 25% од неговиот стомак и гастроинтестиналниот тракт. Докторите морале да искористат метална цевка низ грлото на момчето за да ја извадат гума за џвакање од стомакот. Ова е секако редок случај, но поука за сите останати.
Постои заблуда популарна помеѓу луѓето дека гума за џвакање останува во стомакот седум години. Сепак, како што забележуваат докторите, гумата за џвакање поминува низ дигестивниот систем и го напушта телото во рок од неколку дена. Исто така, гумата за џвакање обично се прави од синтетичка гума, што значи дека нема хранлива вредност.
„Ако сте проголтале гума за џвакање, тоа подоцна ќе излезе во столицата. А ако го правите тоа секој ден или неколку пати на ден, може да предизвика затнување во цревата. Блокадата нема да се исчисти сама по себе. Ако не се лекува, може да предизвика руптура на гастроинтестиналниот тракт“, објасил диететичарот Бет Сервони.