ФОТО | Моден бренд кој го обожаваат Македонките го налути светот со новата кампања: “Ова е одвратно, повикуваме на бојкот!“
На профилите на социјалните мрежи на брендот „ZARA“ се појавија рекламни фотографии од новата колекција, во која многумина ја препознаа поврзаноста на страдањата на Палестинците во Појасот Газа, а многумина повикаа на бојкот на познатиот бренд по контроверзната реклама.
Промотивните фотографии за колекцијата јакни наречена „04“ вклучуваат модели кои позираат во зимско опкружување, но со додатоци за кои корисниците на социјалните мрежи најдоа врска со војната Израел–Хамас и страдањата на палестинскиот народ.
Имено, на фотографиите се гледаат модели кои навидум позираат во уметничко студио со статуи во позадина.
Сепак, сцената во која манекенката позира во затворена кутија додека пред неа е човечка фигура завиткана во бел најлон не наиде на одобрување, а истата можете да ја погледнете ОВДЕ.
Многумина тоа го поврзаа со настаните во Појасот Газа, каде што ваквите сцени со завиткани тела се секојдневие.
Контроверзните фотографии предизвикаа крајно негативна реакција, а по серијата повици на корисници на социјалните мрежи ширум светот, „ZARA“ ги отстрани фотографиите од нивните профили.
Многумина изразија шокираност и гнев од она што го видоа:
„Ми падна вилицата кога го видов ова. Бојкотирам доживотно. Не можам да верувам во тоа што го гледам“, напишал шокиран корисник на социјалните мрежи, додека други се прашуваат дали кампањата е заснована на „геноцид“.