ФОТО | Налетал на атрактивна Русинка, па добил брутален одговор: Ѕвездата на Челзи со својот потег ги налути своите обожаватели

Младиот украински фудбалер кој ги брани боите на ЧелзиМихајло Мудрик, се најде во фокусот на јавноста поради неговиот обид да ја заведе руската манекенка Виолета Грачева, која летово раскина со норвешкиот фудбалер Матијас Норман, со кој беше во врска од 2019 година.

Убавата русокоса која го користи името Виолета Берт на социјалната мрежа Инстаграм има над 600.000 обожаватели, а на нејзиниот шарм не остана имун ниту фудбалерот на Челзи. На Михајло Мудрик прво му се допадна нејзина фотографија, а потоа и коментирал со предлог да се запознаат.

Ајде да се сретнеме на мостот“, напишал Михајло Мудрик и експресно добил отфрлање.

слика
Коментарот на Михајло Мудрик под објавата на Виолета Берт

Виолета Берт само одговорила со емоџи (смајли) со заклучен катанец и на тој начин му рекла дека нема да биде ништо од нивната средба. Освен што беше одбиен, Михајло Мудрик влезе во неволја затоа што неговите романтични достигнувања беа објавени од руските и украинските медиуми.

Со својот потег Михајло Мудрик ги налути Украинците, кои се бесни затоа што се обидел да заведе девојка од земја која е во војна со нивната и која е одговорна и за крвопролевањето во УкраинаМихајло Мудрик на тој начин остана без убавата русинка и без голем број обожаватели кои се налутија од неговиот потег.

Виолета Берт, пак, често привлекува внимание со своите фотографии на кои ретко има многу облека. Таа често објавува фотографии во бикини, а се чини дека ниту познатите фудбалери не можат да и одолеат. Нејзиниот профил можете да го погледнете ОВДЕ.